Псалми 42:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Како што кошутата копнее по вод­ни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!

2Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо?

3Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог?

4Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом — при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник.

5Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог.

6Тагува душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон и од гората Ми­цар.

7Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене.

8Дење Господ ми ја покажува милос­та Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот.

9Ќе Му речам на Бога: Ти си моето засолниште. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притиска?

10Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог?

11Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>