1ⓑПресуди ми, Боже, и расправи ја тужбата моја против безбожниот народ. Избави ме од неправеден и лукав човек.
2ⓒБидејќи Ти си засолниште мое, Боже, зошто си ме отфрлил? И зошто одам така нажален додека непријателот ме мачи?
3Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште.
4ⓓИ ќе пристапам до Божјиот жртвеник, до Бога, мојата радост. На харфа ќе Те славам, Боже, Боже мој!
5ⓔЗошто тагуваш душо моја, и зошто си вознемирена! Надевај се на Бога, бидејќи пак ќе Го прославувам Него, мојот Помошник, мојот Бог.