1Бог ни е нам прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја.
2ⓒЗатоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша, и горите да се срушат во срцето морско.
3ⓓИ ако бучат и се креваат водите нивни, и да се тресат горите од жестината нивна.
4ⓔРечните потоци го веселат Божјиот град, Светото живеалиште на Севишниот.
5ⓕБог е среде него; тој нема да се разниша: Бог ќе му помогне уште пред зори.
6ⓖСе збунија народите; се потресоа царствата; го пушти Својот глас, и земјата се топи.
7ⓗГоспод Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.
8ⓘДојдете и видете ги делата Божји — пустошењата што ги направи Тој на Земјата.
9ⓙПрекратувајќи ги војните до крајот на Земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби копјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори.
10ⓚЗастанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите, возвишен над Земјата.
11ⓛГоспод Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.