Псалми 48:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора.

2Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар.

3Бог, Кој е во Неговите тврдини, се покажа како сигурна одбрана.

4Зашто, ете, се собраа царевите зе­м­ни и сите дојдоа заедно,

5па, откако видоа, се восхитија, се стаписаа и збунети побегнаа:

6страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка;

7како силен ветар што ги разбива таршишките кораби.

8Како што чувме, така и видовме во градот на Господ Саваот, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека.

9Ја спомнуваме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој.

10Името Твое, Боже, како и Твојата слава досегаат до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со победа.

11Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските ќерки заради Твои­те судови.

12Одете околу Сион и обиколете го, избројте ги кулите негови.

13Видете ги бедемите негови, разгле­дајте ги неговите дворци, за да му рас­кажете на идниот род,

14дека овој Бог е наш Бог во сите векови: Тој ќе ни биде пастир вечен.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>