1Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по светот,
2
3Устата моја ќе говори мудрост, и мислата на срцето мое — разбирливи нешта.
4Ќе го наклонам увото свое кон поучни изреки: со харфа ќе ја изложам гатанката моја.
5Зошто да се плашам во тешки денови, кога беззаконието на моите предавници ќе ме опколи?
6Вие, што имате верба во силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте:
7
8
9
10Зашто и мудрите умираат, неразумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други.
11
12И човек што живее неразумно, прилега на животните што загинуваат.
13
14Тие се како овци определени за во пеколот, смртта им е пастир, а в зори праведните ќе господарат над нив; силата нивна ќе се истроши, пеколот ќе им биде дом.
15Но Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот, милостиво ќе ме прими.
16
17зашто, умирајќи, ништо нема да земе, ниту, пак, богатството негово ќе појде по него;
18
19и тој ќе им се придружи на своите предци, нема никогаш да види светлина.
20