1Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги воздишките мои.
2ⓩЧуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се молам!
3ⓐНаутро го слушаш гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и чекам.
4Зашто Ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место кај тебе:
5безбожниците нема да опстојат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда.
6Ти ги уништуваш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
7ⓑА јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот храм и ќе паднам ничкум пред Твоето светилиште, со почит кон Тебе.
8ⓒГосподи, води ме во Твојата правда, поради непријателите мои, патот Твој пред мене порамни го.
9ⓓЗашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, ласкање.
10ⓔКазни ги, Боже, нека пропаднат од сопствените совети; поради многуте нечесни работи отфрли ги, бидејќи се кренаа против Тебе.
11Па нека се зарадуваат сите, кои прибегнуваат кај Тебе: вечно нека се радуваат. Закрили ги, нека се радуваат во Тебе оние, што го сакаат името Твое.
12ⓕЗашто Ти, Господи, го благословуваш праведниот и со милоста Своја го закрилуваш, како со штит.