Псалми 51:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.

2Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,

3зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене.

4Против Тебе, само против Тебе згре­шив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш.

5Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми.

6Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја.

7Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег.

8Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби.

9Одврати го лицето Свое од грево­вите мои и избриши ги сите мои беззаконија.

10Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.

11Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

12Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.

13Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и греш­ниците кон Тебе ќе се обраќаат.

14Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јази­кот мој ќе пее за Твоето избавување!

15Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;

16зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги при­мил.

17Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.

18Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги ѕидовите ерусалимски.

19Тогаш ќе Ти бидат угодни жрт­вите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>