Псалми 52:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1Зошто, се фалиш, силнику, со па­кост? Беззаконија вршиш по цел ден!

2Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е — сплет­кару!

3Ти повеќе го засака злото отколку доброто, лагата, отколку вистината,

4ти, лукав јазику, засака секакви по­губни зборови!

5Поради тоа Бог, до крај ќе те униш­ти, ќе те истргне и ќе те искорне од жи­веалиштето твое, и коренот твој — од земјата на живите.

6Ќе видат праведните, ќе се упла­шат и ќе му се потсмеваат, па ќе речат:

7„Ете човек, кој немаше прибе­жиште во Бога, туку имаше верба во големото богатство свое, и побара прибежиште во благосостојбата!“

8А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милос­та Божја во сите векови.

9Вечно ќе Те славам за она што го направи, и ќе Го величам името Твое, пред светиите Твои, зашто тоа е добро.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>