Псалми 55:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1ⓛЧуј ја Боже, молитвата моја и не криј се од моето молење;

2погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја

3и збунет сум од гласот на непријателите, од притисокот на грешници­те, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев разгоруваат непријателство против мене.

4Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна;

5ⓜстрав и трепет ме сполетаа, и стра­вотии ме обзедоа.

6И јас реков: „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам;

7ⓝдалеку би отишол и би се сместил во пустината;

8би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот.

9ⓞСмути ги, Господи, и раздели ги нив­ните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.“

10Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕи­довите негови; и во него беззаконие, ма­ка и неправда има;

11а не недостасува ни измама и лукав­ство по улиците негови.

12Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завид­ливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев;

13ⓟно тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој,

14со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом!

15ⓠСмртта нека дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто пакост има среде нив, во живеалиштата нивни.

16Јас, пак, Бога ќе Го повикам, и Господ ќе ме слушне.

17ⓡНавечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Тој ќе го чуе гласот мој,

18ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што се против мене,

19ⓢБог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно царува, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога.

20Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нару­шија Неговиот завет.

21ⓣГоворот им е мек како кајмак, а во срцето им е непријателство; зборовите им се како масло, но тие се стрели.

22ⓤПренеси ја на Господ маката своја, и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да до­з­воли праведниот човек да пострада.

23ⓥТи, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и измамниците нема да поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, во Тебе се надевам!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>