1Смилувај се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите.
2ⓒВикам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3ⓓТој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност.
4ⓔЛежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.
5ⓕВозвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
6ⓖТие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа.
7ⓗПодготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам.
8ⓘРазбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората.
9ⓙЌе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата,
10ⓚзашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците.
11ⓛВозвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!