1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
2ⓜВо срцето свое кроите беззаконие, вашите раце плетат насилство на Земјата.
3Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага.
4Јароста им е како змиски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5ⓝи не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6ⓞБог нека им ги скрши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски!
7ⓟНека се разлијат како вода што истекува; како изгазена трева нека се исушат!
8ⓠКако полжав што се топи да се растопат, како пометнат плод, сонце да не видат никогаш!
9ⓡПред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње, сирово или суво, виор нека ги однесе!
10ⓢЌе се зарадува праведниот, кога ќе ја види одмаздата над безбожниците; ќе ги мие нозете свои во крвта на грешникот.
11ⓣИ ќе рече човекот: навистина има награда за праведниот! Навистина има Бог, Кој суди на Земјата!