Псалми 59:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Спаси ме од непријателите мои, Бо­же мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!

2Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;

3зашто, ете, тие ја демнат душата мо­ја; ме напаѓаат силните без престап мој и без грев мој, Господи.

4Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и по­гледај.

5Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израелов, разбуди се и казни ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.

6Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот.

7И, ете, блујат со јазикот свој; во ус­тата имаат меч, „Зашто, — си велат тие, — кој ќе чуе?“

8Но Ти, Господи, им се смееш; им се подбиваш на сите безбожни народи.

9Сило моја, Тебе те очекувам, зашто Ти си, Боже, мое прибежиште.

10Мојот Бог, ќе ме пресретне со љу­бов, Бог мој, Кој ми ги покорува моите непријатели.

11Не убивај ги, за да не заборави мо­јот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштит­ниче наш.

12За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејќи само клет­ви и лаги кажуваат.

13Истреби ги во гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат дека Бог управува над Јаков и до краиштата на земјата.

14Навраќаат секоја вечер, завиваат како кучиња, и одат околу градот;

15тие скитаат барајќи храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќите 'ржејќи.

16Јас, пак, со песна ќе ја славам Тво­јата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше закрила и прибежиште во денот на мо­јата несреќа.

17Сило моја, Тебе Ти пеам, зашто Ти си закрила, Боже мој, милост моја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>