Псалми 6:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, не карај ме во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој.

2Смилувај се на мене, Господи, би­дејќи сум немоќен; исцели ме, Господи, зашто коските ми се тресат;

3и душата ми е потресена. А Ти, Гос­поди до кога?

4Врати се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја,

5бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе?

6Се уморив воздивнувајќи; секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја.

7Од скрб ми се помрачи окото мое, ми ослабе поради сите мои непријатели.

8Отстапете од мене сите вие, кои вр­шите неправда, зашто Господ го услиша гласот на мојот плач.

9Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја.

10Ќе се посрамат и уплашат сите мои непријатели; ќе се повлечат и веднаш ќе се засрамат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>