1ⓔБоже, Ти нѐ отфрли и нѐ растури, се разгневи, но сега обнови нѐ пак!
2Ја потресе земјата и ја расече; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша.
3Ти му покажа на Твојот народ жестокост и нѐ напои со заносно вино.
4ⓕНа оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за да се избават од убојниот лак.
5ⓖЗа да се избават Твоите возљубени, спаси нѐ со Твојата десница и услиши нѐ.
6Рече Бог во Своето светилиште: „Со веселба ќе го разделам Сихем и ќе ја премерам долината на Сукот заради поделба.
7ⓗМој е Галаад, и Мој е Манасија, и Ефрем е шлем на главата Моја, и Јуда е жезол Мој.
8ⓘМоав Ми е леген за миење, врз Едом го фрлам чевелот Свој,
9ⓙКој ќе ме воведе во укрепениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?
10ⓚЗар не Ти, Боже, Кој нѐ отфрли? Ти веќе не излегуваш, Боже, со нашите војски.
11Помогни ни против непријателите, зашто од човекот нема спасение.“
12ⓛСо Бога храбро ќе се бориме, Тој ќе ги уништи нашите мачители.