Псалми 61:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја.

2Кон Тебе викам од крајот на земјата, зашто срцето ми папса. Подигни ме на висока карпа,

3ⓜзашто Ти си моето прибежиште, крепосен заклон од непријателот.

4ⓝДај ми да се населам вечно во Твоето живеалиште да се засолнам под покривот на Твоите крилја.

5ⓞЗашто Ти, Боже, ги чу моите мо­литви и им даде наследство на оние, кои се бојат од Твоето име.

6Додај му уште денови кон деновите на царот и продолжи му ги годините од род во род,

7ⓟза да владее вечно пред Бога; милост и верност испрати му за да го чуваат.

8И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети секој ден.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>