Псалми 64:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува.

2Сокриј ме од тајните завери на грешниците, од плановите на злочин­ците.

3Тие ги наострија јазиците свои како меч, тие исфрлаат ранливи збо­рови, како стрели,

4за да стрелаат скришно на непо­рочниот; тие стрелаат ненадејно врз него, без страв.

5Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат зам­ката, па си рекоа: кој ќе нѐ види?

6Сонуваат за злодела, скришни заго­вори кројат. Зашто, човековото срце и ум се длабока бездна.

7Но Бог ќе ги застрела, ќе ги рани ненадејно.

8Сопствениот јазик пропаст ќе им донесе; сите оние што ќе ги видат ќе се стаписаат.

9И секој човек ќе се уплаши. Ќе се раскажува за делата Божји и ќе размислуваат за она што Тој го изврши.

10А праведниот ќе се развесели во Господ и ќе прибегне кај Него; и ќе се веселат сите кои се праведни по срце.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>