1Тебе, Боже, Ти припаѓа похвалата на Сион, и Тебе ќе Ти се даваат завети.
2Ти услишуваш молитви, кај Тебе ќе дојде секоја плот.
3ⓜКога грешни дела нѐ совладуваат, Ти ги простуваш нашите престапи.
4ⓝБлажен е оној, кого Ти си го избрал и примил да живее во Твоите дворови; дај да се наситиме со добрини од Твојот дом, од светоста на Твојот храм.
5Преку чудесни дела ни одговараш и нѐ избавуваш, Боже, Спасителе наш, Ти си надеж на сите земни краишта и на оние што се далеку преку морето.
6ⓞТи, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со моќ си се препашал,
7ⓟТи Кој ја замолкнуваш морската бучава, шумот што го прават брановите, и буните кај народите.
8ⓠИ се плашат сите оние што живеат на крајот на светот, од чудесата Твои: Ти создаваш радост каде што утрото се раѓа и вечерта заоѓа.
9Ти ја посетуваш Земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна на луѓето, бидејќи така си ја подготвил:
10ⓡги напојуваш браздите нејзини, и ги порамнуваш грутките нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да раѓа плодови;
11ⓢја овенчуваш годината со Твојата добрина и колите Твои полни се со плодови.
12ⓣСе појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со радост.
13ⓤЛивадите се китат со стада, а долините се редат со плодови: сите воскликнуваат и пеат.