Псалми 66:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Воскликни Му на Бога, Земјо цела!

2Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала!

3Кажете Му на Бога: колку се страш­ни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ќе Ти се покоруваат не­пријателите Твои.

4Целата земја Ти се покорува и Ти пее, Ти пее на Твоето име!

5Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во чудата Свои за синовите човечки.

6Тој го претвори морето во суво; преку река минаа со нозе; таму се зарадувавме во Него.

7Со Својата моќ Тој владее вечно; Неговите очи гледаат на народите за да не се кренат бунтовниците.

8Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно.

9Тој ѝ даде живот на душата наша и не дозволи да потклекнат нозете наши;

10Ти нѐ испита, Боже, нѐ очисти, како што среброто со оган се пре­чистува.

11Ти нѐ воведе при примка, ни стави товар на нашите плеќи.

12Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нѐ изведе да здивнеме.

13Ќе влезам во Твојот дом со сепаленица, ќе Ти ги исполнам моите за­вети,

14што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во неволја.

15Мрсни сепаленици ќе Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ќе Ти принесам Тебе и волови и кози.

16Дојдете и чујте вие сите кои се бои­те од Бога и ќе ви раскажам сѐ што направи Тој за душата моја.

17Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој.

18Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши.

19Но ме услиши Господ, го чу гла­сот на молењето мое.

20Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>