Псалми 68:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1Нека се крене Бог, и да се распрс­нат непријателите Негови; нека се разбегаат пред лицето Негово оние што Го мразат.

2Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо!

3А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и да Го просла­вуваат во радоста.

4Пејте Му на Бога, пејте Му на Него­вото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него.

5Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место.

6Бог им дава домови на напуштени­те, ги ослободува од окови затворени­ците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина.

7Боже, кога Ти излегуваше пред Тво­јот народ, кога чекореше по пустината,

8земјата се тресеше и небесата истураа дожд пред Бога, Бог на Синај — пред Бога, Бог Израелов.

9Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемош­туваше, Ти го поткрепуваше.

10Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти се погрижи и за сиромасите.

11Господ дава наредба; голема е при­дружбата на известителите:

12цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат.

13Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато.

14Кога Семоќниот ги разбиваше ца­ревите, снег паѓаше на Селмун.

15Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска!

16Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека?

17Божјите коли се безброј — на илјада илјади; Господ на Синај, доаѓа во све­тилиштето.

18Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму.

19Нека е благословен Бог, Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение.

20Нашиот Бог е Бог, Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта.

21Но Бог ќе им ги скрши главите на непријателите Свои и влакнестото теме на оние што остануваат во своите гревови.

22Господ рече: од Башан ќе ги вра­там, ќе ги извлечам од морските дла­бочини,

23за да ти се натопи ногата твоја и ја­зикот на твоите кучиња во крвта на непријателите.

24Го видов Твоето величествено доа­ѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во светилиштето:

25напред одеа пејачите, а на крајот свирачите, а во средината — девојки со тимпани:

26„Во собранијата благословувајте Го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израелово!“

27Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини — со своите чети, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефта­лимови.

28Покажи ја Боже, силата Твоја, снагата Твоја, Боже, како што правеше со нас во минатото.

29Поради Твојот храм во Ерусалим, царевите ќе Ти принесуваат дарови.

30Скроти ги ѕверовите во мочуришта­та, воловите со телињата на народите, згази ги под нозете оние кои се лакомат по почести, растури ги народите кои уживаат во војна.

31Нека се донесе бронза од Египет, Етиопија брзо нека подаде раце кон Бога.

32Царства земни, пејте Му на Бога, славете Го Господа,

33Кој се вози на небо, на небесата ис­конски. И, ете, Тој го испраќа Сво­јот глас, Својот силен глас.

34Подајте Му слава на Бога! Над Из­раел е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците.

35Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израелов — Тој ќе му даде си­ла и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>