Псалми 69:1-36 MKDB2006 - Bible AI

1Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до гушата моја!

2Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи.

3Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, че­кајќи Го мојот Бог.

4Оние, што ме мразат без причина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, бараат да го вратам!

5Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе.

6Да не се посрамат поради мене сите оние, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бараат, Боже Израелов,

7зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое.

8Туѓ станав за браќата свои, туѓинец за синовите на мајка ми моја.

9Бидејќи ревноста за Твојот дом ме изеде, и навредите на оние што Те хулат, паѓаат врз мене;

10и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло.

11Место облека облекувам вреќа; и со тоа им станав за приказ;

12против мене зборуваат оние што се­дат пред портите и пијаниците пеат за мене.

13Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе;

14изведи ме од калта за да не пото­нам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води;

15за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста.

16Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме;

17не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо;

18наклони се кон душата моја и иску­пи ја; поради моите непријатели, спаси ме.

19Зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: познати Ти се сите мои непријатели.

20Навредите ми го скршија срцето, очаен сум, очекувајќи некој да ми се сожали, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов.

21И ми дадоа жолчка да јадам и кога зажеднев — со оцет ме напоија.

22Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето — стапица;

23да им се помрачат очите, та да не гледаат, и бедрата нивни ослаби ги засе­когаш;

24излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе;

25домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив;

26зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои.

27Притури вина врз вината нивна, за да не добијат прошка од Тебе.

28Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани меѓу праведните.

29Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од Тебе, Боже, спасението за мене!

30Ќе го славам името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам во благодарност,

31и тоа ќе Му биде поугодно на Гос­под, отколку теле или јунец со рогови и со копита.

32Нека го видат тоа оние што стра­даат и нека се зарадуваат. Нека ви жив­нат срцата вам, кои Го барате Бога,

33зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои.

34Нека Го слават небесата и земјата, морето и сѐ што живее во него;

35зашто Бог ќе го спаси Сион, ќе се изградат градови во Јудеја, и таму ќе ги наследат;

36и ќе се веселат таму оние што го сакаат името Негово.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>