1Те фалиме Тебе, Боже, Те фалиме, името Твое е близу. Луѓето ги разгласуваат твоите чудесни дела!
2Кога ќе дојде време, ќе судам според правда.
3Кога се заниша Земјата и сите, што живеат на неа, Јас ги зацврстив столбовите нејзини.
4ⓞИм велам на дрските: не бидете дрски! И на грешниците: не дигајте рог,
5ⓟне кревајте го високо вашиот рог, не говорете дрско,
6ⓠзашто издигањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пустината;
7ⓡно Бог е судија: едни унижува, а други возвисува.
8ⓢЗашто чашата е во раката на Господ, со вино пенливо, промешано, Тој налева од неа и до талог ќе го испијат сите грешници на земјата!
9ⓣЈас, пак, вечно ќе се радувам, ќе Му пеам на Јакововиот Бог,
10ќе им ги скршам роговите на сите грешници, а рогот на праведните ќе се возвиси.