Псалми 76:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Познат е Бог во Јудеја; големо е Не­говото име во Израел.

2Во Шалем е Неговото место, а Неговото живеалиште — на Сион.

3Таму Тој ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.

4Посветол си од светлината, пове­личествен од древните гори!

5Се збркаа сите што беа со храбро срце; заспаа и им папсаа рацете.

6Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија и коњаниците и коњите.

7Ти си страшен, и кој ќе опстане пред Тебе, кога ќе се крене Твојот гнев!?

8Од небесата се чу глас дека ќе су­диш; Земјата се уплаши и занеме,

9кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите угнетени по Земјата,

10зашто и преку човековиот бес Ти ќе се прославиш, а и остатокот од нив ќе Те прославува.

11Заветувајте се на Господ, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте даро­ви, на Страшниот,

12Кој ги скротува духовите на кнезовите, од Кој се плашат и земните цареви.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>