Псалми 77:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Со гласот свој викам кон Бога, со гласот свој кон Бога, за да ме чуе.

2Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, со издигнати раце кон Него неуморно; но душата моја не може да се утеши.

3Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува.

4Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам.

5Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години.

6Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше;

7зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонакло­нет,

8или засекогаш престанала Него­вата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови?

9Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?

10Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“

11Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнеш­ните чудесни дела;

12ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела.

13Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?

14Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите;

15Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.

16Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.

17Од облаците се излеа вода, загр­меа небесата зашто стрелите Твои пролетуваа.

18Татнежот на Твојот гром се разнесуваше низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената; Земјата трепе­реше и се тресеше.

19Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа.

20Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>