Псалми 79:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Боже, незнабошците дојдоа во Твое­то наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претво­рија во урнатини.

2Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небески, а телата на Твоите светии — на земните ѕверови;

3ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.

4Станавме за потсмев на соседите на­ши, срам и подбив за оние што се околу нас.

5До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори љубомората Твоја како оган?

6Излеј го гневот Свој врз народите што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го призиваат името Твое,

7зашто тие го испојадоа Јакова и мес­тото негово го опустошија.

8Не спомнувај ги нашите поранеш­ни беззаконија, туку побрзај да нѐ пре­сретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме понижени.

9Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое!

10Зошто незнабошците да велат: „Каде е нивниот Бог?“ Барем пред очи­те наши да ја видиме одмаздата над не­з­набошците за пролеаната крв на Твоите слуги.

11Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.

12Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.

13А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе похвала.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>