Псалми 80:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Пастиру Израелов, послушај! Ти, Кој го водиш Јосиф како стадо, Кој се­диш на херувимите, заблескај!

2Пред Ефрем, Венијамин и Мана­сија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш.

3Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!

4Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?

5Ќе ги храниш ли со леб од солзи, и напојуваш со солзи изобилно?

6Нѐ направи показ за кавги меѓу на­шите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.

7Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!

8Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади;

9исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата.

10Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни;

11таа пушти гранки до морето и ластари до реката.

12Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот?

13Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде.

14Боже на силите! Сврти се, погле­дај од небесата и види го и посети го ова лозје;

15и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе.

16Тоа е со оган обгорено и раско­пано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат!

17Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе.

18А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твое­то име.

19Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>