Псалми 81:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов;

2запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа;

3затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на ваши­от празник,

4зашто тоа е закон за Израел, на­редба од Бог Јаковов.

5Тој го установи тоа како сведош­тво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше:

6„Јас го симнав товарот од рамени­ците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.

7Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.

8Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израеле!

9Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог!

10Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам.

11Но Мојот народ не го послуша гласот Мој, Израел не Ми се покори;

12затоа Јас ги оставив на нивните закоравени срца; нека одат по мислите свои.

13О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта!

14Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.

15Оние, што Го мразат Господа, би ползеле до Него, и нивниот крај би бил запечатен засекогаш.

16А Мојот народ ќе го хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед пештерски.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>