Псалми 82:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1Бог застана во собранието на „бого­вите“; меѓу „боговите“ изрече суд:

2До кога ќе судите неправедно и спрема нечестивите ќе покажувате пристрасност?

3Бидете праведни кон сирак и беден, праведен и сиромав;

4ослободувајте го сиромавиот и бедниот од рацете на нечестивите.

5Не знаат, не разбираат, во темнина одат; сите земни основи се разнишаа,

6Јас реков: „Вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот;

7но вие ќе умрете како и сите луѓе, и ќе паѓате како секој кнез.“

8Стани, Боже, суди ѝ на Земјата, заш­то Твои се сите народи.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>