Псалми 83:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Не премолчувај, не оглушувај се и не мирувај, Боже!

2Зашто ете Твоите непријатели вреват, а оние што Те мразат, кренаа гла­ва;

3против Твојот народ зло наумија и се советуваат против Твоите приврза­ници;

4рекоа: „Да одиме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израел!“

5Се договорија еднодушно, склучи­ја против Тебе сојуз;

6шаторите на Едом и Јишмаелците, на Моав и Агарјаните;

7Гевал, Амон, Амалик и Филистеј­ците со оние што живеат во Тир,

8бидејќи и Ашур се придружи кон нив, па станаа помош за синовите Лотови.

9Направи им го истото, како што им направи на Мидјаните, како и на Сисе­ра, како и на Јавин кај потокот Кишон,

10кои беа истребени во Ен-Дор и станаа ѓубриво за земјата.

11Постапи со нив, со нивните кнезови, како со Орев и Зев и со сите нивни кнезови, како со Зевеја и Салмана,

12бидејќи рекоа: „Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо!“

13Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар;

14како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори,

15така и Ти подгони ги со Својот виор, застраши ги со Својот гнев!

16Исполни ги лицата нивни со бес­честие, па да го побараат името Твое, Господи!

17Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат,

18и да познаат дека Ти си Тој, чие име е Господ и дека Ти си единствен Севи­шен над целата Земја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>