Псалми 85:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јаков.

2Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови,

3го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.

4Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.

5Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегаш гневот Свој од род во род?

6Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?

7Покажи ни ја, Господи, Твојата ми­лост, и подари ни спасение.

8Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Тој ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему.

9Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насе­ли славата своја во нашата земја.

10Милоста и вистината ќе се сретнат, праведноста и мирот ќе се целиваат.

11Верноста ќе изникне од земјата, а праведноста ќе се појави од небото.

12Зашто Господ ќе даде добро и нашата земја ќе го даде својот плод;

13праведноста ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>