1ⓘПриклони го, Господи, увото Свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав.
2ⓙЗачувај ја душата моја, зашто сум посветен на Тебе; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева во Тебе.
3Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден.
4ⓚРазвесели ја душата на Твојот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам душата своја;
5зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те повикуваат.
6ⓛЧуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја.
7ⓜВо денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.
8ⓝМеѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите.
9ⓞСите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и ќе го прославуваат името Твое,
10зашто Ти си велик и правиш чудеса, — Ти си Бог единствен!
11ⓟУпати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и дај ми непоколебливо срце, за да го почитувам името Твое.
12ⓠЌе Те славам, Господи, Боже мој, од сѐ срце и вечно ќе го прославувам името Твое,
13ⓡзашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од адските длабини.
14ⓢБоже, законопрестапниците станаа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе.
15ⓣНо Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен,
16ⓤпогледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата Свој и спаси го синот на слугинката Твоја;
17покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.