1Господи, Боже на моето спасение, дење Те повикувам и ноќе сум пред Тебе:
2за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи,
3зашто душата моја е полна со јад и животот ми се приближи до адот.
4
5
6Ме положи во подземен ров, во мрак и во смртна сенка.
7Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш.
8Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам.
9
10Зар за мртовци ќе правиш чуда? Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават?
11
12Зар во темнината ќе ги објавуваат Твоите чудеса, и во земјата на заборавот — Твојата правда?
13Но јас повикав кон Тебе, Господи, и наутро молитвата моја доаѓа пред Тебе.
14Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвраќаш лицето Свое од мене?
15Јас сум несреќен и од раната младост се мачам; страдам во ужас и очаен сум.
16Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија.
17Секој ден ме опкружуваат како вода: од сите страни ме опседнуваат.
18Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; мракот ми е единствен другар.