1Милоста Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина.
2Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата верност.
3„Јас поставив завет со Моите избраници, му се заколнав на Мојот слуга Давид:
4
5И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите.
6Зашто, кој на облаците ќе се споредува со Господ и кој од синовите Божји ќе се изедначи со Господ?
7
8Господи, Боже на силите, кој е моќен како Тебе? Силен си Ти, Господи, и верноста Твоја Те опкружува.
9
10
11Твои се небесата и Твоја е Земјата; вселената и она што ја исполнува, Ти си ги основал.
12
13Силна е Твојата мишка, цврста е раката Твоја, високо е издигната десницата Твоја!
14Праведноста и правдата се основа на Твојот престол; милоста и верноста одат пред Твоето лице.
15
16
17зашто Ти си похвала на силите нивни и со Твоето благоволение се издига нашиот рог,
18бидејќи нашата заштита доаѓа од Господ и од светецот Израелов, нашиот Цар.
19
20
21
22
23Ќе ги уништам пред него непријателите негови и ќе ги победам оние што го мразат.
24И Мојата верност и Мојата милост се со него, и преку Моето име ќе се возвишува неговиот рог.
25И ќе ја положам над морето раката негова, и над реките — десницата негова.
26Тој ќе ме повикува: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение.
27
28
29
30Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди;
31ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите наредби,
32тогаш ќе го казнувам со жезолот нивното престапништво, и со рани — нивното беззаконие;
33
34Нема да го повредам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
35
36
37засекогаш ќе стои како месечината, верен сведок на небото.“
38
39го разруши заветот со Твојот слуга, ја оскверни круната негова во земниот прав;
40ги разруши сите негови огради, ги претвори во урнатини неговите крепости.
41
42
43Ти му откажа помош на мечот негов и во борбата не го поткрепи;
44ја одзеде од него чистотата и го урна на земја престолот негов;
45ги скрати деновите на младоста негова и го покри со срам.
46До кога, Господи? Ќе се криеш ли непрестајно? До кога ќе гори гневот Твој како оган?
47
48
49
50Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи;
51на подбивите од Твоите непријатели, Господи, со кои ги валкаат чекорите на Твојот помазаник.
52Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин!