1Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.
2
3
4
5
6наутро ќе процути и ќе зазелени, а навечер паѓа и се исушува.
7Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме растревожени.
8Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, нашите скришни гревови се во светлината на лицето Твое.
9Сите наши дни минуваат под Твојот гнев, годините ни свршуваат како здив.
10
11Кој ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши?
12Научи нѐ така да ги броиме нашите дни, па да се здобиеме со мудро срце.
13Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги!
14
15
16Нека се видат кај слугите Твои делата Твои, и Твојата славна сила — кај чедата Твои.
17И благоволението на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и дај да ни успеат делата на рацете наши, дај им успех на делата на рацете наши.