1Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небесниот Бог.
2ⓘИ ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!
3Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна.
4ⓙСо плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана.
5ⓚНема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
6ⓛод чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне.
7Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
8само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите.
9Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште;
10ⓜзло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој;
11ⓝзатоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои.
12ⓞЌе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја;
13ⓟна отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш.
14ⓠ„Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
15ⓡЌе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,
16ⓢќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“