Псалми 92:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишен,

2да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ — Твојата верност,

3на десетострунена харфа и на лира.

4Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите дела, на делата на Твоите раце им се радувам.

5Колку се големи делата Твои, Гос­поди! Многу се длабоки Твоите помисли!

6Безумниот човек не ќе може да ги узнае, неразумниот нема да го разбере ова:

7дури грешниците и да никнуваат ка­ко трева, и кренат глава оние што вр­шат беззаконие, тоа е за да бидат истре­бени засекогаш,

8Ти си, Господи, Севишен секогаш!

9Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие;

10а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и ме помазуваш со чисто масло.

11Моите очи го видоа падот на непријателите мои, и ушите мои го слушнаа тресокот на побунетите против мене злосторници.

12Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски.

13Тие се засадени во домот Госпо­дов, ќе цутат во дворовите на нашиот Бог;

14тие и во староста ќе бидат плодни, сочни и полни со свежина,

15за да возвестуваат дека е праведен Господ, мојата Карпа во Која нема неправедност.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>