Псалми 93:1-5 MKDB2006 - Bible AI

1Господ се зацари; се облече во вели­чественост, Господ се препаша со сила, Тој вселената ја зацврсти и нема да се разниша.

2Твојот престол е утврден од поче­токот на времето; Ти постоиш отсекогаш.

3Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои.

4Но од бучењето на многуте води, од големината на морските бранови, почу­десен е Господ во висините Свои!

5Сведоштвата Твои се многу вистинити. На твојот дом, Господи, му припаѓа светост за вечни времиња.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>