Псалми 94:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Боже, Господи на одмаздата, Боже на одмаздата, покажи се!

2Стани, Судијо на Земјава, дај им отплата на горделивите!

3До кога нечестивите, Господи, до кога нечестивите ќе се фалат,

4ќе мрморат и говорат дрско, до кога ќе зборуваат така сите злосторници?

5Го газат Твојот народ, Господи, и го угнетуваат Твоето наследство;

6вдовица и туѓинец убиваат, и сирак усмртуваат.

7Па велат: Господ нема да види, Бог Јаковов нема да дознае!

8Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаме­тите?

9Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види?

10Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знаење, зар нема да казни?

11Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни.

12Блажен е оној човек, кого го вра­зумуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот закон,

13за да му дадеш мир во лошите де­нови, додека за грешникот не се ископа гроб!

14Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство,

15зашто правдата не ќе се врати кај праведните и сите прави по срце ќе ја следат.

16Кој ќе се крене за мене против лу­кавите или кој ќе стои покрај мене против злосторниците?

17Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во светот на мртвите!

18Кога помислив: ногата ми се поколеба, — Твојата милост Господи, ми помогна!

19Кога се намножуваа тешкотиите во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја.

20Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што рабо­ти спротивно на законот Твој?

21Ја ловат душата на праведниот и осудуват невини на смрт.

22Но Господ е мое прибежиште и Бог мој — сигурна тврдина моја.

23Тој ќе им плати за нивното беззаконие, и за нечестивоста нивна ќе ги погуби, Господ Бог ќе ги погуби.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>