Псалми 95:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение!

2Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му вос­кликнеме,

3зашто Бог е велик Господ и Цар го­лем над сите богови.

4Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските висо­чини се исто така Негови.

5Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното.

6Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец;

7зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Него­вите раце. О, денес да бевте го послу­шале Неговиот глас!

8„Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, како во оној ден во Маса во пустината,

9каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа иако ги видоа делата Мои.

10Четириесет години Ме јадеше тој народ и реков: тие се народ со заблудени срца, кои не ги почитуваат патиш­тата Мои,

11па затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот мир.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>