1ⓐЗапејте Му на Господ песна нова, запеј Му на Господ, цела Земјо!
2Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него;
3ⓑразгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи — чудесата Негови;
4ⓒзашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите богови.
5ⓓБидејќи сите богови на незнабошците се идоли, а Господ ги создаде небесата.
6ⓔСлава и величие се пред лицето Негово, сила и великолепие — во светилиштето Негово.
7ⓕВоздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест;
8воздајте Му на Господ слава на името Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови;
9ⓖпоклонете Му се на Господ во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата Земја!
10ⓗКажете им на народите: Господ се зацари! Затоа цврста е вселената, нема да се разниша. Тој управува праведно со народите.
11ⓘНека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12ⓙнека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13ⓚпред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите — според Својата вистина.