Псалми 97:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Господ се зацари: нека се радува Земјата; нека се веселат многубројните острови.

2Облак и мрак е околу Него; пра­ведност и правда се основа на Него­виот престол.

3Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу.

4Неговите молњи ја осветлуваат вселената; Земјата гледа и трепери.

5Горите се топат како восок од ли­цето на Господ, од лицето на Господ, по целата Земја.

6Небесата ја разгласуваат Неговата праведност, и сите народи ја гледаат Неговата слава.

7Нека се засрамат сите, кои се поклонуваат на ликови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите „богови.“

8Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи,

9зашто Ти си, Господи, Севишен на целата Земја, повисок си од сите бого­ви.

10Господ ги сака оние што го мра­зат злото. Ја чува Господ душата на Своите светии; од раката на нечес­тивите ќе ги избави.

11Светлина засветли над праведниот, а за правите по срце — радост.

12Радувајте се, праведни, во Господ и славете го Неговото свето име.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>