Псалми 98:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1Запејте Му на Господ нова песна, зашто создаде чудесни работи; Него­вата десница Му помогна и Неговата света мишка.

2Господ ја објави Својата победа, пред очите на народите ја откри Сво­јата правда.

3Се присети Тој за Својата милост и на верноста Своја кон домот Израелов; сите краишта земни го видоа спасението од нашиот Бог.

4Воскликни Му на Господ, цела Земјо; запеј, радуј се и пеј;

5пејте Му на Господ со лири, со лири и со глас псаломски;

6во труби и во рог затрубете пред Ца­рот — пред Господ.

7Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живе­ат во неа;

8да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господ!

9Зашто Тој доаѓа да ѝ суди на Зем­јата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда и народите — правично.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>