1ⓕГоспод се зацари: нека треперат народите! Тој седи на херувими: нека се затресе Земјата!
2ⓖВелик е Господ на Сион и возвишен е Тој над сите народи.
3ⓗНека го слават името Твое велико: зашто тоа е свето!
4ⓘТи си силен Цар, Кој сака праведен суд; Ти утврди правда; правда и праведност Ти изврши во Јаков.
5ⓙПревознесувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, зашто тоа е свето!
6ⓚМојсеј и Арон беа меѓу свештениците Негови, а Самоил меѓу оние, кои го повикуваа името Негово. Тие Го повикуваа Господа и Тој ги слушаше.
7ⓛВо облаков столб Тој им говореше, зашто тие ги пазеа Неговите заповеди и наредби, што им ги даваше.
8ⓜГосподи, Боже наш, Ти ги слушаше. Боже, Ти беше милостив спрема нив, но ги казнуваше сите нивни лоши постапки.
9ⓝВозвишувајте Го Господа, нашиот Бог, и поклонувајте се на Неговата света гора, зашто свет е Господ, нашиот Бог.