Римјаните 12:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги те­лата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.

2Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на ва­шиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.

3Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му ка­жу­вам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил.

4Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не деј­ствуваат на еднаков начин,

5така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.

6Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата;

7ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поу­чу­вање — нека поучува!

8Ако е пак за утешител — нека уте­шу­ва; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.

9Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто.

10Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.

11Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ;

12радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;

13помагајте им на светиите во нивни­те потреби; трудете се да бидете госто­прим­ливи;

14благословувајте ги оние што ве го­нат; благословувајте ги и не ги проколнувајте.

15Радувајте се со оние што се радува­ат и плачете со оние што плачат!

16Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри;

17и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе.

18Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.

19Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам — вели Господ.“

20И така, ако непријателот твој е гла­ден, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова.

21Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

>