Римјаните 16:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1Ви ја препорачувам нашата се­стра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја:

2примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.

3Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,

4кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ни­те незнабошци и нивната домашна црква.

5Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос за Азија.

6Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.

7Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.

8Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!

9Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство!

11Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.

12Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.

13Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!

14Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!

15Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!

16Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!

17Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!

18Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.

19Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото.

20А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

21Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.

22Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание.

23Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.

24(Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!)[4].

>