Римјаните 2:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото.

2А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е спо­ред вистината.

3Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам?

4Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Бож­јата благост те води кон покајување?

5Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие пра­ведниот суд од Бога,

6Кој секому ќе му даде според не­го­ви­те дела:

7живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост;

8јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата.

9Неволја и мака за секоја човечка ду­ша која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин;

10слава и чест и мир на секој што пра­ви добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин!

11Зашто Бог не е пристрасен.

12Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат и судени,

13бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот.

14Зашто секогаш кога незнабошците, кои немаат Закон, природно ги из­вр­шу­ваат одредбите на Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, се Закон на самите себе;

15тие докажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нив­ните внатрешни размислувања, со кои меѓусебно се обвинуваат или одбрануваат,

16за оној ден, кога, според моето Евангелие, Бог преку Исус Христос ќе ги суди тајните на луѓето.

17Ете, ти се нарекуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фалиш,

18и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, зашто се по­у­чуваш од Законот,

19и уверен си дека си водач на слепци, а светлина на оние што се во мрак;

20наставник на неразумни, учител на младината, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.

21Но, како е можно тоа да учиш дру­ги, а себе самиот да не се учиш?

22Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељу­ба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гна­сиш од идолите, а крадеш од храмовите;

23ти, кој се фалиш со Законот, а прес­та­пувајќи го Законот, зарем не Го сра­мотиш Бога?

24„Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците“, — така стои напишано.

25Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обре­занието твое станува необрезание.

26И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание?

27И необрезаниот по тело, из­вр­шу­вај­ќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си ста­нал престапник на Законот?

28Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото,

29туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не по­текнува од луѓето, туку од Бога.