Римјаните 3:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?

2Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите обја­вувања.

3Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?

4Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да победиш кога ќе ти се суди.“

5Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

6Никако! Зашто, како Бог ќе може да го суди светот?

7Зашто, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник?

8Зарем тогаш не би требало да прави­ме зло, за да излезе добро? Впрочем та­ка и хулат некои луѓе на нас и велат де­ка така учиме. Тие се справедливо осудени.

9Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,

10како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,

11нема разумен, нема кој да Го бара Бога;

12сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, не­ма ниту еден.“

13„Грлото нивно — отворен гроб; со ја­зиците свои мамат; под јазиците нивни — змиски отров,

14устата нивна е полна со клетва и горчина.

15Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;

16пустошење и маки по нивните па­тишта;

17тие не го познаа патот на мирот.

18Страв Божји нема пред очите нивни.“

19Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,

20зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гре­вот.

21А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците.

22Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,

23сите згрешија и лишени се од славата Божја.

24Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.

25Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување преку ве­рата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,

26за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.

27Каде е, пак, пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.

28Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.

29Или можеби Бог е пак само на Ју­дејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците,

30бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.

31А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме.