Римјаните 4:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1А што би можеле да кажеме дека добил нашиот прататко по тело Авраам?

2Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.

3Впрочем што вели Писмото? — „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“

4На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.

5Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност.

6Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за пра­ведност независно од делата, велејќи:

7„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“

9А дали ова блаженство се однесува са­мо за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обре­занието, туку пред обрезанието.

11И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,

12и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.

13Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово — дека ќе биде наследник на светот — беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.

14Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, то­гаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;

15зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.

16Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздра­вено не само по Законот, туку и по ве­ра­та за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,

17според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ — пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува.

18Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според рече­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“

19И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;

20и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,

21наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

22Затоа тоа му се сметаше за праведност.

23Но, не само за него е напишано де­ка му се сметаше,

24туку и за нас: ќе ни се смета, ако ве­руваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ,

25предаден за нашите гревови и вос­креснат за наше оправдание.