Римјаните 5:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.

2Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која сто­име, и се гордееме со надежта во славата Божја.

3Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се ра­ѓа трпението;

4од трпението, пак — искуство, а од искуството — надеж.

5Надежта пак, не посрамотува. Заш­то љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.

6Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.

7Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.

8Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.

9Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот.

10Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.

11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.

12Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија.

13Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон.

14А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде.

15Но со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.

16А тој дар е сосема поинаков од гре­вот на еден што погрешил, зашто су­де­њето за еден престап води кон осудува­ње, а дарот — од многу престапи кон оправдување.

17Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку ед­ниот, дотолку повеќе оние, што го при­мија изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден — Исус Христос.

18И така, како што преку еден прес­тап дојде осудувањето на сите луѓе, та­ка и преку праведното дело на еден дој­де врз сите луѓе оправданието, кое дава живот.

19Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни.

20А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност,

21та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.