Римјаните 6:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми бла­годатта? Никако!

2Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?

3Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Неговата смрт бевме крстени.

4И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.

5Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,

6знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;

7бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.

8А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,

9знаејќи дека Христос, откако вос­кресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.

10Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го жи­вее, за Бога го живее.

11Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.

12И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади!

13Не препуштајте му ги на гревот ва­шите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото како орудија на праведноста.

14Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.

15Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!

16Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послуш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или — на послушноста, која води кон праведност?

17Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте.

18И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.

19Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост.

20Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста.

21А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ни­от крај е смртта.

22Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот — животот вечен.

23Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот ве­чен во Христос Исус, нашиот Господ.