1Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, ајде да ти побарам спокојно место за да ти биде подобро.
2Ете, Вооз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното;
3затоа измиј се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај додека не заврши со јадењето и пиењето;
4а кога ќе легне да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откриј го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.“
5Рута ѝ рече: „Ќе направам сѐ, како што ми кажа.“
6И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина.
7
8На полноќ тој се тргна, се обѕрна, и еве покрај нозете негови лежи жена.
9И тој рече: „Која си ти?“ Таа одговори: „Јас сум Рута, твоја робинка, рашири го крилото од својата наметка над својата робинка, зашто си ми близок роднина.“
10Вооз ѝ рече: „Благословена да си од Господ, ќерко! Овој твој чин на милосрдие е подобар од првиот, зашто не отиде да бараш момци, бедни или богати;
11
12иако е точно дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене.
13
14И преспа таа покрај нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаат еден со друг, зашто Вооз рече: „Да не се знае дека доаѓала жена на гумното.“
15И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.“ Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.
16А Рута дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: „Што направи, ќерко?“ Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа.
17Таа рече: „Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце кај свекрвата своја!‘“
18Таа ѝ рече: „Почекај, ќерко, додека да дознаеш, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои додека не ја сврши денес таа работа.“